Тешко е да ги убедите децата да ја сакаат науката. Исто така да ги натерате децата да ги мијат рацете редовно е подеднакво тешко. Учителката Дона Гил Ален од Северна Каролина успеала да ги направи и двете работи преку еден интересен експеримент, кој што не е многу „убав“ за гледање.
Дона раскажала за нејзиниот експеримент на Фејсбук и оттогаш тој станал вирален и таа добила голема поддршка од многу родители. Таа напишала:
„За сите мои пријатели, наставници ова е најгрозниот но и најкул експеримент. Јас го направив кога им предавав на децата на бакерии и микроби и како тие се шират. Се користат три парчиња леб. Децата треба да видат како со ракавици на рацете ставате едно парче во кесичка на која пишува „контролирано“, потоа ги миете рацете и го ставате парчето во кесичка на која пишува „чисто“ и последното но не и најмалку важно е парчето леб да го дадете на секое дете од класот да го допре, а потоа ставете го во кеса во која пишува „валкано“. Потоа гледајте како се менува лебот поради бактериите. Ова е кул и одличен начин да ги научите децата за важноста на хигиената.“
Лебот од кесичката „контролирано“ и „чисто“ покажал многу мали знаци на мувла, но затоа лебот кој бил допрен од рацете на учениците бил целиот прекриен со мувла. Експериментот бил пофален од луѓето на интернет кои велат дека ова е многу забавен начин за да се едуцираат децата. Имало и коментари дека овој експеримент треба да им се покаже и на возрасните кои не ја сфаќаат хигиената доволно сериозно.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.