Овој некогашен голем град на бреговите на реката Тунгабхадра во Хампи, Индија некогаш имал сѐ; религиски центар, кралски центар, урбано јадро и предградија. Тоа бил центарот на голема и моќна империја со векови, а сега едвај некој и да се сеќава на неа.
Царството
Големата империја Виџајанагара ја основале двајца браќа во 1336 година. Виџајанагара успешно се спротивставила на исламските освојувачи во 1565.
Средиште на уметноста
За време на нејзиното постоење, империјата процутела како центар на културата и уметноста.
Моќен град
Градот го посетиле посетители од Италија, Португалија и Русија и во нивните татковини раскажале за големие богатства и моќ на империјата.
Храмот
Вишниот храм Вирупакша е најстариот и најважниот храм на ова царство и денес сѐ уште активно се употребува.
Кралска палата
Лотус Махал е кралскиот центар на градот. Во него веројатно се среќавале императорот и неговите советници. И покрај впечатливата зачуваност, многу од првичните украси се изгубиле со текот на времето.
Сите тие остатоци
Бројни светилишта, храмови и неколку згради со непозната намена сѐ уште опстојуваат за да ја раскажат приказната за царството Виџајанагара
Царувањето
До 1646 година, Виџајанагара била водечката сила во Индија, иако нејзината моќ почнала да опаѓа уште од 1565 година, по тешкиот воен пораз нанесен од страна на Деканските султанати.
Во екот на славата
Литературата, музиката и јазикот цутеле во царството. Императорите биле големи љубители на уметностите и како последица на тоа креативноста цутела во југот на Индија.
Храмот Витала
Храмот Витала е една од најпрекрасните градби кои останале во денешен Хампи. Била изграден за време на владеењето на императорот Дева Раја II, во 15-от век.
Наследството
Украсните столбови на храмот ги покажуваат архитектонските детали кои биле вообичаени за таа област.
Ридот Хернакута
На ридот Хернакута има многу светилишта и храмови, но повеќето од нив се во рушевини.
Заборав
Елегантните штали за слонови биле украсени со насликани тавани и сложени детали, типични за империјата во времето на нејзиниот процут. Денес Хампи е прошаран со рушевини за кои многумина никогаш не ни слушнале.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.