Оваа недела во централна Кина властите истражуваат како точно се случило тоа млада жена да помине цели шест години заклучена во напуштена зграда на имотот на нејзините родители. Наводно 24-годишната Жанг Чи била намерно заклучена од страна на нејзините родители.

Причината? Не им се допаѓало нејзиното момче, а таа одбивала да раскине со него.

Овие слики на кои се гледаат ужасните услови во кои престојувала ги направил селанец кој веднаш потоа ја алармирал полицијата.

дв01

Чоу Жен, селанецот кој ги направил снимките, покрај пријавувањето во полиција ги објавил и на интернет, бидејќи локалната полиција одбила да се меша во случајот. Тој кажал дека родителите на Чи се „моќни луѓе“, но на него не му е грижа за тоа.

дв02

„Сите знаат за девојката во куќата. Јас се иселив од тука, и доаѓам само на посета, па така и воопшто не ми е грижа за нивните закани“ – изјавил Жен.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено