Три деца имаат роденден на ист ден, откако нивната мајка ги родила на ист ден, три години по ред. Лорин Стивенсон од Северна Дакота, САД, го родила своето трето дете на 1 септември, и на истиот ден го родила и другите две деца.

„Здраво машко дете, а фактот што се роди на 1 септември, докторите, сестрите и јас и мојот сопруг – едноставно не можеме да поверуваме“, вели г-ѓа Стивенсон.

rd01

Д-р Вилијам Лоу е докторот кој на свет ги донел сите три нејзини деца, ќерката Томи Ли и синовите Аксл Ли и најмалиот Хенри Ли Стивенсон. Г-ѓа Стивенсон вели дека се обидела да приреди роденденска забава за своите деца, но секогаш на тој ден се погодувало да биде во болница, породувајќи се, но вели дека следната година сигурно ќе има роденденска забава.

„Мислам дека за нивните родендени би можеле да приредиме една голема забава, и да направие една голема торта.“

rd02

Според статистиките, шансите да се родат три деца, три години по ред, сите на ист датум се еднакви на 7,5 во милион.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено