40-годишната Никол Елкабас од Бродстер, Кент,измислила дека наводно боледува од рак и преку јавни хуманитарни донации успеала да собере дури 52.000 евра кои требало да бидат наменети за нејзиното „лекување“.
Откако поставила онлајн страница преку која ги собирала донираните финансиски средства, кај полицијата се јавил сомнеж, па полициски детективи започнале да ја испрашуваат и ја откриле нејзината измама.
Сега Никол се соочува со обвинение под 6 точки за измама, откако официјално била обвинета на 5-ти овој месец.
“Никол Елкабас е обвинета за измама при која заработила повеќе од 52.000 евра, за болест што ја немала”- изјавил потпаролот на полицијата во Кент.
40-годишната мајка била обвинета за прифаќање на готовина и уплатени финансиски средства од луѓе со добро срце кои сакале да донираат, за болест од која воопшто не боледувала.
Никол допрва треба да се појави на суд, заедно со своите адвокати за да ги побие тврдењата и отфрли тужбите против неа.