Карли Гејл од Чешир, Англија започнала да работи како водоинсталатер од нејзината 15-годишна возраст, така што му помагала на нејзиниот татко, кој ја има истата професија, за време на викендите.
Потоа девојката се запишала на курс, каде што од 200 ученици таа била единствената жена. Сега 30-годишната жена е сопруга и мајка на 3-годишниот Маркус.
Но, и покрај тоа што заработува 42.000 евра годишно од нејзиниот успешен бизнис, Карли тврди дека често се бори против сексизмот, вклучувајќи ги и сомнежите околу тоа дали е квалификувана за работата. Таа вели дека многу често кога ќе пристигне во некој дом да си ја изврши должноста луѓето ја прашуваат: „Каде е мажот?“
Карли вели дека нејзината работа е валкана и дека не може да си дозволи секогаш да биде „средена“ иако го сака тоа како и секоја друга жена. Таа вели дека кога ќе добие можност да ги среди ноктите за некоја посебна пригода мора да ги залепи со изолир за да не ги скрши додека работи.
Жената дури и почнала да го учи својот сопруг Дени, да работи како водоинсталатер и да врши мали поправки околу домот. Оваа неверојатна жена вели дека никогаш нема да се откаже од својата професија.