Оваа мачка со сигурност ќе ве маѓепса. Нејзините повеќебојни очи изгледаат како во нив да се крие универзумот. Појавата одговорна за оваа магија научно се нарекува хетерохромија. Тоа е состојба кога шареницата содржи две сосема различни бои во ист дел. Ако и вашата мачка се родила со вакви чудесни очи, нема што да се грижите. Тоа воопшто не влијае врз нејзиното сетило за вид. Но, доколку се родила со нормални очи а потоа почнала да развива хетерохромија, тоа може да е знак на болест.