Куќата има 30 квадратни метри, освен фасадата, 3D-печатен е и покривот. Куќата е дело на италијанската иновативна компанија WASP, која го произведе огромниот 3D печатач Crane Wasp, па сакаше да ги демонстрира неговите можности.
Интересно е што како материјал за изградба на куќата, печатачот користел мешавина на природни смеси направени од земја и отпад од производството на ориз. Компанијата ги одбрала овие материјали затоа што ова е стар природен начин на изолација, со што се одржува пријатна температура во куќата и ја елиминира потребата за внатрешно греење дури и во зима.
Шуплините во ѕидната структура се оставени заради природна вентилација, но и можност за вградување на извор на енергија во ѕидовите на куќата.