Двајца грчки архитекти дизајнирале навистина уникатна куќа наречена „Casa Brutale“, којашто совршено се вклопува во бетонскиот стил познат како брутализам, но вметнувајќи ја нивната луксузна бруталистичка куќа во внатрешноста на крајбрежна карпа со прекрасен поглед кон морето. Архитектите Лаертис Антониос Андо Василиу и Пантелис Кампуропулос, кои заедно ја формирале OPA Works, со овој проект дале своевиден „омаж на чистиот брутализам“. Базенот на покривот и подземните ѕидови помагаат во топлинската изолација на објектот.