Не мора да живеете во голема куќа за да живеете големо. Всушност, може убаво да се живее и во 50m², барем ако зад дизајнот на домот стои „Архитектското ателје Мицуиши“. Јапонската фирма едноставно знае како најдобро да го искористи дури и најограничениот простор. Ако тие не можат да го сторат тоа, никој не може.
Секако, куќава изгледа мала, но всушност не е толку мала.
Хм, ОК, сепак е доста мала.
Поточно кажано, 55 метри квадратни.
Куќата се наоѓа во Ниигата, Јапонија, и крие многу повеќе простор отколку што би можеле да си замислите гледајќи ја нејзината надворешност. Ова е само поткровјето.
Поглед кон спалната соба.
Прозорецот пружа прекрасен поглед кон реката.
Дури и бањата изгледа доста пространа.
Дали внатрешноста на куќата е некаква просторно-временска дупка која едноставно им пркоси на законите на физиката?
Се разбира дека не, но се познава раката на голем архитект.
Доволно простор за целото семејство.
Максимално искористен простор, при што се докажува максимата дека „помалку понекогаш значи повеќе.“