Чудно и неочекувано откритие на дизајнерот за мебел Нејтан Чендлер. Тој нашол и купил куќа којашто останала запечатена уште од 1956 година, задржувајќи го недопрен интериерот карактеристичен за Америка во средината на дваесеттиот век. Не е јасно зошто првичниот сопственик ја држел куќата запечатена толку долго, но добрата страна на тоа е тоа што внатрешните елементи се апсолутно совршени. Доминираат пастелните и розовите нијанси, и сѐ е толку добро зачувано што дури и прирачниците сѐ уште стојат залепени за куќните апарати.
Не се знае што точно ќе се случи со оваа кујна, но секако ова ни дава одлична можност да видиме дел од американската стварност на педесеттите.
Првото што паѓа во очи е дека насекаде има розово.
Ова се контролни копчиња на електричен шпорет.
Фрижидерот е поставен во висина на очите, како шкаф.
Дури и печката е розова.
Сѐ уште се чуваат прирачниците за уредите.
Фрижидерот е малку мал, но барем е…розов.
Машина за миење садови.
Еве како изгледал детерџентот за садови во педесеттите.