Нема ништо подобро од тоа еден напорен ден да го завршите во топло џакузи. Секако зборуваме за големо џакузи, но што ако видите мини џакузи, дали ќе знаете за што да го искористите?
Во оваа ситуација дамите се „дискриминирани“ и задоволството се однесува само на момците.
Запознајте се со „Тестикузи“ (Testicuzzi), минијатурно џакузи за тестисите. Идејата за вакво џакзуи почнала како шега помеѓу пројатели, но прераснала во бизнис идеја.
Со цел навистина детално да ги опфатат работите тимот создал повеќе верзии на Тестикузи со помош на 3Д принтери. Додека тие биле темелно испитани за да се обезбеди квалитет на производот и доказ за концептот, „сликите на тестирањето на производот ќе бидат оставени на имагинацијата“.
Тоа е совршено решение за луѓето чии тестиси носат товар со нивниот животен стил: без разлика дали сте страствен велосипедист, некој силен спортист, или можеби дури и јавач на коњи, Тестикузи е жешката када за вас.
Тој доаѓа во голем број на бои, вклучувајќи „убава сјајна црна“ и „сјајна бела“. Но, можеби би сакале малку злато? Можете да набавите позлатен Testicuzzi од 14 карати за само 10,000 американски долари – но подобро да бидете брзи, бидејќи ќе бидат направени само 50.