Сара Томас нурнала во немирните води во недела и по 54 „кратки“ часови, таа го освои Англискиот канал (Ламанш).
Ултра маратонскиот пливач на отворена вода го заврши лекувањето со карцином на дојка пред една година, „користејќи го пливањето како нејзино средство за справување со третманот“, таа својата победа ја посвети на сите луѓе во светот кои преживеале некаков вид на рак.
Натчовечноста дури и не го опишува нејзиниот подвиг. Откако се борела со силните плими до последниот замав, таа го завршила продолженото пливање во околу 6.30 часот во вторникот наутро (17 септември). Томас вели дека најтешкиот дел од пливањето не е огромната должина: тоа е солената вода, од кои болат устата и грлото.
„Секоја должина имаше нешто што беше навистина тешко околу неа. Враќањето од Франција последен пат беше дефинитивно тешко. Траеше вечно и струите ме туркаа наоколу. По лицето ме пецна медуза и не беше ладно како што очекував но сепак.“, вели 37-годишната Сара.
Од самиот почеток, пливањето требало да биде околу 130 километри. Но, водата е сурова љубовница – поради нејзината непредвидлива природа, патувањето се искачило на 209 километри.
Нејзината мајка Беки Бакстер за BBC Radio 4 изјави дека нејзината ќерка е „изрод на природата“, но морала да се бори против проблемите со болки во стомакот за време на маратонот.
Со цел да остане хидрирана и спремна, Томас се потпирала на пијалок за обновување со протеини, мешан со електролити и малку кофеин, за да помогне во борбата против заморот.