Дејвид Латимер употребил шише од 38 литри и во него сипал ѓубриво, 100 милилитри вода и внатре внимателно спуштил семиња на собен ползавец со помош на парче жица. Потоа го оставил шишето на сонце крај прозорец и оставил синтезата да си го стори своето.
Дванаесет години, во 1972, Латимер уште еднаш сипал вода во шишето и оттогаш стои затворено! Како успева тоа?
Шишињата-градини успеваат бидејќи нивниот затворен простор создава цел самодостаточен екосистем во кој растенијата можат да преживеат употребувајќи фотосинтеза да ги рециклираат хранливите материи. Екосистемот исто така употребува клеточна респирација за да го разложи распадливиот материјал кој растението го отфрла. Во овој дел од процесот, бактериите во почвата на шишето-градина го апсорбираат отпадниот кислород и ослободуваат јаглерод диоксид кој растението потоа го користи за себе.
Водата во шишето ја зема коренот на растението и потоа таа се ослободува во воздухот преку транспирација, се кондензира, паѓа и кругот пак започнува од почеток. Или со други зборови, шишето-градина функционира на ист начин на кој функционира и нашата планета. Навистина прекрасно и нешто што вреди да се проба!