Крампус е митска фигура во фолклорот на регионот на Алпите, и спротивност на Свети Никола. Се верува дека Крампусите ги земаат непослушните деце, ги ставаат во торбата и ги носат во пештерата за да ги јадат на Божиќната вечера. Го посетуваат секое дете на ноќта пред Нова Година заедно со Свети Никола, кој пак им дава подароци на послушните деца.
Во Европа, Крампус е како Бабарога кај нас. Првпат Крампус се појави во ранохристијанскиот германски фолклор. До ден денес, пред новогодишните празници луѓето се облекуваат во страшна облека и се шетаат низ улиците за да ги плашат децата. Оваа традиција се уште живее во Австрија, јужна Баварија, Унгарија, Словенија, Чешка и во некои од северните региони на Италија и Хрватска.