На модниот пазар се појави нов моден додаток за кој со сигурност нема да мора да се грижите дека е мачка во вреќа бидејќи – мачката е „вреќата“. Овој бизарен, и всушност морбиден предмет – заедно со добро зачуваната глава – се продава на новозеландскиот аукциски сајт ТрејдМи – со почетна цена од ни повеќе, ни помалку, туку 1400 долари.

mc01

Во описот стои дека „гламурозната“ торба била направена од професионалниот препаратор Клер Хобс и дека ги изразува нејзините „уметнички страсти и желбата за надреално дизајнирање, пред сѐ употребувајќи материјал од диви и домашни мачки“. Но, интересно е тоа што се истакнува дека за потребите на работата на г-ѓа Хобс не било убиено ниту едно животно, за што се издава гаранција.

mc02

„Со сигурност се работи за невообичаена чанта и иако не е баш по мој вкус, можеби ќе има некој кој би сакал да ја купи. Мислиме дека аукцијата ќе привлече големо внимание во следните неколку денови“, вели Логан Муџ, која е официјален претставник на сајтот.

mc03

Се разбира, оваа чанта воопшто не е по вкус на луѓето кои се грижат за правата на животните. Ханс Крик, директор на организацијата „Спасете ги животните од експлоатација“ вели дека чантата е со лош вкус и дека е без почит.

„Кога ова би го правеле со луѓе, би било апсолутно неприфатливо…дали тоа од мачка да направите чанта е полошо отколку од нога на слон да направите ногалка за чадор?“

Во Нов Зеланд препарирањето на животни кои умреле по природен пат или им било извршено евтаназија е легално.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено