За голем дел од луѓето паметните телефони се дел од нивното тело бидејќи не ги пуштаат од рацете, но што е премногу премногу е.
Марк Тејсер и неговите колеги од Телеком Париз смислиле маска за телефон која е направена од вештачка човечка кожа, која може дури и да реагира на вашиот допир.
Маската која го опфаќа задниот дел од телефонот, има мек интерфејс што кога е вклучен на компјутер може да се користи како тачпад за лаптоп или далечински управувач за сите типични команди на допир, како што е кликање за да изберете, лизгање за движење или да стискате за да зумирате и одзумирате.
Она што е најнеобично за кожата на паметниот телефон е фактот дека таа функционира и кога се допира на задната страна. Ова значи дека голем број различни движења на прстите ќе предизвикаат одредени емоции, на пример, чешкање, што треба да поттикне удобност.
Пронаоѓачите излегоа со два прототипа. Едниот има мазна површина, а другиот има многу почовечка текстура. Функционалноста на маската доаѓа од електромагнетна бакарна жица, која е скриена помеѓу два слоја на еластичен силикон.