Слепилото на бојата влијае на приближно 1 кај 12 мажи (8%) и 1 на 200 жени во светот. Се проценува дека околу 300 милиони низ целиот свет страдаат од далтонизам. Овој недостаток на визија може да биде предизвикан од генетика или разни болести како што се дијабетес или мултиплекс склероза.
Најчеста форма на слепило на боја е неможноста правилно да се видат зелената и црвената боја, но има различни видови и различни тежини на оваа состојба.
Што гледаат повеќето луѓе
Што гледам јас
Винсент Фиорентини, кој што е далтонист и целиот свој живо не може да ја распознае зелената и црвената боја ја создаде апликација која служи за две главни цели: да им покаже на луѓето со нормален вид како функционираат луѓето со далтонизам и да им помогне на луѓето со далтонизам да гледаат подобро.
Што гледав
Што гледам сега
Апликацијата се нарекува Color Blind Pal и работи со менување на боите на предметите за да може лицето подобро да прави разлика помеѓу боите. Апликацијата исто така помага да се одреди и именува бојата. Може да се користи и од луѓе со нормален вид, за да симулираат многу видови на слепило на боја. Апликацијата е достапна и на Android и iOS.