Доктор Татјана Дмитриевна Кван работи во клиниката во градот Јужно-Сахалинск, на остров во најисточниот дел од Русија, некаде над Јапонија. Клиниката се затвора во 20 часот, после што внатре остануваат само чуварите и пациентите на докторката. Никој од пациентите не ѝ замерува на докторката затоа што таа секому му посветува доволно внимание и никогаш не остава непрегледан пациент. Токму затоа пациентите ја чекаат и по неколку часа.

Многумина реагирале до надлежните, барем да ѝ најдат на докторката медицинска сестра, за да ѝ помага во работата, но прашање е дали таа пак ќе си оди порано од работа или ќе продолжи да си работи до доцна во ноќта.

Сподели на Facebook
пати видено