39-годишната Маријам Набатанци од Уганда ги родила првите деца близнаци, 1 година откако била омажена на возраст од 12 години за 40-годишен маж. Потоа родила уште 5 пара близнаци, 4 тројки и 5 четворки, сите од еден татко. Вкупно, најплодната жена во светот родила 44 деца, но 38 преживеале. Пред три години, сопругот го напуштил семејството, оставајќи ја Маријам сама со децата.

Големото семејство живее во четири тесни куќи, каде што сите деца немаат свој кревет. За да го нахрани семејството, Маријам прифаќа секаква работа: од потстрижување луѓе, до градежни работи, како и собирање на пластични шишиња за рециклирање. Нејзините приходи се трошат за храна, медицинска нега, облека и училишен прибор, за да се осигура дека децата ќе добијат образование и ќе имаат подобар живот.

Сподели на Facebook
пати видено