Ерик Јеинер Хинкапие Рамирез од колумбија бил фасциниран од скелетите уше кога бил тинејџер. 22-годишното момче кое сега си ги сменило името во „Калача Череп“ почнало со екстремна модификација на телото пред 2 години, откако починала неговата мајка, затоа што таа не ја одобрувала неговата желба.

Калача кој по професија е тату уметник, сакал да изгледа како скелет и затоа од неговата грала отстранил половина од носот, ги исекол ушите и ги истетовирал очите.

Тој исто така го исекол јазикот на половина и го истетовирал во сино-сива боја. Големите заби, па дури и шупливиот простор помеѓу горната и долната вилица е истетовиран. Калача ја избричил и главата за да му се гледаат тетоважите.

Калача Череп е првата личност во Колумбија, која доброволно ги осакала носот и ушите, одлука која го привлече вниманието на медиумите, а доби и многу критики од општата јавност.

Една од причините поради која Калача вели дека избрал да изгледа како череп, е тоа што тоа е изгледот кој го споделуваме сите под кожата и во смртта.

 

Тој вели: „Модификациите на телото се лична одлука и не треба да се судат. Тоа е како да осудувате жена затоа што ставила импланти на градите или задникот. За мене, черепот е како моја сестра, навистина дел од моето семејство, се чувствувам многу приврзан кон нив.“

Калача признава дека неговиот необичен изглед прави луѓето да се чувствуваат неудобно, а некои дури и ја преминуваат улицата кога ќе го видат, за да не мора да го гледаат во лицето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено