На прв поглед, холандското село Хогевејк изгледа како и секое друго обично мало место. Има продавници, куќи, паркови, ресторани, дури и театар. Добро, сепак не изгледа точно како секое мало место во Македонија, но, има нешто уште понеобично. Таму живеат само 152 луѓе, и можеби ќе забележите, сите се во поодмината возраст, е тука веќе наликува на повеќе македонски села. Но, да продолжиме со холандсково село; помладите жители на ова место се всушност персонал – сестри, доктори, специјалисти и сл. – кои се на располагање 24 часа дневно.

Ова село е пионерски чекор напред во иднината на грижата за постари и изнемоштени лица. Секој од 152-та жители е човек во поодминати години со тежок случај на Алцхајмер и/или деменција, и на коишто им е потребна специјална грижа и нега. Но, наместо да ги затвораат овие луѓе во депресивна соба налик на душевна болница, жителите на Хогевејк уживаат во целосна приватност и слобода.

Според истражувањата, ваквиот пристап овозможува значително подобрување, бидејќи пациентите во Хогевејк се поактивни и им се потребни помалку лекарства во споредба со пациентите во друга институција.

hg01

Пациентите можат да го одберат амбиентот кој најмногу им се допаѓа и најмногу наликува на нивниот дом.

hg02

Продавниците се снабдени со сите потребни намирници, така што пациентите можат да купуваат и самите да си готват храна, како што би правеле и дома, нормално функционирајќи.

hg03

Становите овозможуваат удобност и чувство на достоинство на пациентите, додека 250-члениот персонал се секогаш при рака за да обезбедат нега и сигурност. Луѓето од персоналот глумат жители на селото, при што се распределени да работат како продавачи, касиери, чувари итн. Единственото нешто што го нема во ова село се парите, бидејќи работата со финансии претставува тешкотија за луѓето со деменција и Алцхајмерова болест. Сите сметки се вклучени во нивниот план за плаќање на услугите во оваа институција.

hg04

Персоналот е облечен во нормална секојдневна облека, а не во клинички униформи, овозможувајќи им на тој начин на пациентите да се чувствуваат удобно.

hg05

Персоналот внимава да ја балансира удобноста и чувството на реален живот за пациентите со чесноста и искреноста. Тие никогаш не ги лажат за тоа каде се наоѓаат, или дека Хогевејк е центар за згрижување, а не нормално село, но внимаваат секогаш да се однесуваат пријателски и со внимание.

hg06

Во Хогевејк има ресторани, бар, градини и театар за луѓето кои престојуваат во него да уживаат во разновидни активности и да се дружат за време на нивниот престој.

hg07

Сподели на Facebook
пати видено