Изборот го направи најпопуларното автомобилско ТВ шоу на планетата. Според експертите, во оваа листа не мора да влезат само суперавтомобилите, туку и некој скромен хечбек како нам добро познатото Фиќо.
Место број 5. Lamborghini Miura (1966 – 1969)
Моќен спортски автомобил со 350 коњски сили. Најбрзиот автомобил во сериско производство на своето време.
Место број 4. Ford Escort Mexico (1968 – 2004)
Едноставен, смел и непретенциозен Форд првично беше вистинска ѕвезда на својата ера. Автомобилот беше создаден за рели, но подоцна Ford Escort стана „цивилен“ автомобил.
Место број 3. Land Rover Defender (1948 – 2016)
Легендарниот SUV од Велика Британија, кој се произведува речиси 70 години.
Место број 2. Lancia Stratos (1972 – 1974)
Автомобилот е легенда. Ова е првиот модел на автомобилот кој првично беше креиран за да учествува на рели трки.
Место број 1. Fiat 500 (1957 – 1975)
Овој мал хечбек стана модел за многу европски производители на автомобили. Евтиното и практичноo градско возило, долго само 3 метри, беше опремено со мал двоцилиндричен мотор од 479 кубика со воздушно ладење. Фиат 500 го редефинираше терминот „мал автомобил“ и се смета за број еден во класата на градски автомобил.