Вулканите се незапирлива сила која уништува сè пред себе. Во текот на историјата многу градови и села биле претворени во пепел „благодарение“ на пеколните вулкани. Ова се едни од најсмртоносните вулкански ерупции на сите времиња.

1. Вулканот Тамбора

Едно од најголемите вулкански ерупции во историјата се случила во 1815 година на индонезискиот остров Сумбава. Загинале 100 000 луѓе. Поради гасниот облак (кој бил изграден од 400 милиони тони гас) формиран по ерупцијата, температурата на Земјата се намалила, а 1816 година се памети како „годината без лето“ поради ниските температури, што доведува до губење на многу видови на култури и глад.

2. Кракатау

Вулканскиот остров, кој се наоѓа помеѓу индонезиските острови Јава и Суматра, избил во 1883 година со сила 13.000 поголема од моќта на атомската бомба што била фрлена над Хирошима во 1945 година. Повеќе од 36.000 луѓе загинале. Експлозијата држи рекорд за најсилниот звук, што некогаш бил слушнат (звукот е слушнат на 4300 километри од изворот). Ерупцијата предизвикала цунами со височина 40 метри, што ги уништува населените места. Токму цунамито убило околу 90% од вкупниот број загинати.

3. Везув

Везув – единствениот активен вулкан во копното на Европа, еруптирал во 79 година, при што загинале 16 000 луѓе со задушување од прав и биле уништени градовите Помпеја и Херкулан. Ископувањата, започнати во 19 век, откриваат многу од скелетите на жртвите од вулканот. Оттогаш, Везув еруптирал уште 30 пати и научниците предвидуваат дека неговата следна ерупција ќе биде ужасна и ќе ги загрози животите на најмалку 600.000 луѓе кои живеат во таа област.

4. Мон Пеле

Мон Пеле е стратовулкан, кој се наоѓа во северниот дел на францускиот остров Мартиник. На 02.05.1902 година реките во Сен Пјер се исполнуваат со камења и дрвја од планината, а воздухот со сулфур. Ерупцијата предизвикала цунами што го поплавила градот. Една страна од вулканот се распаднала, ослободувајќи врела вода и кал кои што влегле во фарма за шеќер, закопувајќи ги живите луѓе на патот. Ерупцијата е позната како најсмртоносна за 20 век. Повеќе од 29.000 луѓе загинале.

5. Невадо дел Руис

Втората најсмртоносна вулканска ерупција во 20 век е онаа на вулканот Невадо дел Руис во Колумбија. Тоа се случило во 1985 година и уби најмалку 23.000 луѓе. По него се формираат езера, кои стигнуваат до Армеро, мало село лоцирано на околу 48 километри од вулканот, каде што загинале меѓу 20.000 и 29.000 лица.

6. Унзен

Унзен се наоѓа на јапонскиот полуостров Шимабара. Неговата ерупција во 1792 година предизвикала пад на лавина на планината Мајујама. Ова, за возврат, предизвикува цунами што убива 15.000 луѓе.

7. Келуд

Овој активен стратовулкан во Индонезија е особено смртоносен бидејќи предизвикал формирање на езера кои кога вулканот еруптирал во 1586 година убива 10 000 лица, а во ерупцијата во 1919 година, убива 5000. Оттогаш се изградени брани и тунели за да се заштитат околните села од идните вулкански ерупции.

8. Лаки

Во 1783 година вулканот Лаки во Исланд еруптирал. 120-те милиони тони гасови кои биле ослободени за 8 месеци, убиле 20% од населението на земјата. Оваа ерупција имала едно од најголемите влијанија на глобално ниво, бидејќи сулфурот ја уништил жетвата во Европа, предизвикал суша во Индија и глад во Јапонија и Египет. Некои историчари сметаат дека ерупцијата на Лаки помагала за избувнувањето на Француската револуција, бидејќи гладот е еден од клучните прашања покренати против француската монархија.

9. Санта Марија

Ерупцијата на вулканот Санта Марија во Гватемала во 1902 година била првата на вулканот во последните 500 години. Поради оваа причина локалното население не се сомневало дека тој се уште е активен. 6.000 луѓе загинале од самата ерупција, при што била ослободена огромна количина на магма. Потоа се ширела маларија, која убила уште повеќе луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено