Сексот по себе може да донесе многу ризици, а тука не се подразбираат можните болести и инфекции. Многу луѓе од срам не сакаат да им признаат на лекарите дека одредена повреда ја добиле за време на секс и затоа голем дел од повредите се запишуваат како „претерување од повторувачки движења“ и „изложеност на вибрации“. Во САД на годишно ниво од срцев удар добиен од сексуални активности умираат околу 11.000 луѓе, најчесто повозрасни. Еве како се рангирани сексуалните активности според повредите кои ги предизвикуваат.
6. Орален секс
Повредите кои се случуваат преку орален секс, фелацио или кунилингус не се толку сериозни, но најсериозните повреди се случуваат преку авто-фелацио, кога може да дојде до повреда на `рбетот.
5. Користење на секс-играчки или предмети
Секс-играчките можат да бидат во различни форми, големини и видови. Овие повреди најчесто се случуваат кај жените, кога ставаат одредени предмети во вагината, преку кои можат да се повредат така што доаѓа до кршење на предметот.
4. Кубојка
Оваа поза е виновна за повеќе од 10% од случаите на фрактура на пенисот. Станува збор за пукање на мембраната на набрекнатото ткиво на пенисот за која е потребна имобилизација, а понекогаш и операција.
3. Мастурбација
Мастурбирањето секако може да биде еден од начините со кои можете да се повредите. Кај жените се случува кога ќе заглават некој предмет во вагината, а додека кај мажите преку користење на прекумерна сила, може да дојде до повреда на пенисот. Во Источните земји е забележан поголем број на повреди при маструбација.
2. Мисионерска
Иако изгледа како прилично безбедна поза, мисинерската поза довела до 26% од повредите за време на секс. Иако пенисот може да биде повреден за време на сексуалните активности во кои жените го „диктираат темпото“ сепак во мисионерската доѓа до повреда кога пенисот излегува и влегува во вагината и ќе дојде до лизгање.
1. Кучешка поза
Без оглед на полот и без оглед на, влезната точка, кучешката поза предизвикува 41% од повредите при секс. Затоа се смета за една од најопасните пози при секс. Но, според едно постари истражување спроведено во 2014 година најопасна е каубојката со 50%, потоа кучешка поза со 29% и мастурбацијата со 14%.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.