Кога ќе ви речат да замислите некоја јака, цврста личност, најчесто по автоматизам помислувате на маж. И покрај тоа што навистина голем број на фантастични луѓе од историјата се припадници на посилниот пол, има и голем број на жени за кои не сте слушнале или веројатно не би ни помислиле на нив во таков контекст. А зад нив се кријат неверојатни стории, какви што ќе можете да прочитате во следната листа;

1. Кога од НАСА ве бараат да им ги поправате грешките

zn01

Првиот пат во вселената на НАСА делумно се должи на Кетрин Џонсон, американски научник, која била одговорна за пресметките на траекторијата на летот. Толку многу имале доверба во нејзината работа што дури и кога во НАСА преминале на компјутеризирана техника, ја повикувале да провери дали има некакви грешки.

2. Кога во одмазда ќе уништите цел град

zn02

Откако мажот на Олга Киевска бил убиен, таа тргнала по виновниците и не само што ги збришала целите нивни семејства сурово убивајќи ги, туку го уништила нивниот град заедно со голубите и врапците во него.

3. Кога ќе се ставите во заштита на деца

zn03

Индиската стјуардеса Нирџа Банот ги скрила пасошите на американските патници во еден грабнат авион за да ги заштити од терористите. Загинала испречувајќи се пред куршумите наменети за три американски деца.

4. Кога сте единствениот преживеан во авионска несреќа

zn04

Џулиан Кепке била единствениот преживеан откако авионот во кој патувала бил погоден од молња и се распаднал во воздухот. Паѓала 3.2 километри кон земјата сѐ уште врзана за нејзиното седиште и преживеала, по што следело деветдневно пешачење низ џунгла до најблиската цивилизација.

5. Кога ќе паднете од небо и ќе се породите

zn05

Во 2005 година една жена по име Шејна Ричардсон го изведувала нејзинот прв самостоен скок со падобран кој се покажал како неисправен и таа удрила на паркинг со брзина од 80 километри на час. За време на хируршката интервенција, докторите откриле дека е бремена. Успеала целосно да закрепне без никакви последици за нејзиното бебе.

6. Кога ќе го откачите Бред Пит!

zn06

Кристина Ејплгејт била во друштво со Бред Пит на доделувањето на МТВ наградите за филм во 1989 година, но го откачила и си заминала со некој друг.

7. Кога сами ќе си направите царски рез

 zn07

Во 2000 година една Мексиканка по име Рамирез Перез по 12 часа непрекината болка се решила на радикален чекор. Успешно извела царски рез врз самата себе, и тоа со обичен кујнски нож и три чаши жесток алкохол, додека нејзиниот маж се пијанчел во локалниот бар.

8. Кога ќе убиете професионален убиец

zn08

Сузан Кунхаузен, средовечна жена со прекумерна тежина од Орегон со голи раце совладала и убила платен убиец кој бил најмен да ја убие од страна на нејзиниот сопруг.

9. Кога ќе станете озлогласен пират

zn09

Французинката Жан де Клизон која живеела во 14. век станала пират со цел да ја одмазди смртта на нејзиниот сопруг, кој бил обезглавен поради предавство. Ја продала нејзината семејна земја за да купи три брода кои ги обоила во црно и им биле закачени црвени едра. Во текот на следните 13 години ги крстосувала морињата напаѓајќи ги бродовите на кралот Филип VI и со свои раце со секира обезглавила француски благородник кој го заробила.

10. Кога ќе застанете за сѐ што е добро во општеството

zn10

Во 2007 година 75-годишната Мона Шо со чекан уништила канцеларија на корпорацијата Комкаст бидејќи не била задоволна од грижата за корисници. Била уапсена и казнета со 345 долари.

11. Кога ќе убиете волк

zn11

Во 2012, педесет и шестгодишната Ајша Максудова од Русија со голи раце се борела со волк, за на крај да го убие со секира која ѝ се нашла при рака.

12. Кога безбедно ќе слетате погоден авион

zn12

Во 2003 летајќи над Багдад, авионот на воениот пилот Ким Кембел бил погоден од противвоздушен проектил. Авионот останал без хидраулика и почнал да паѓа, но таа го вклучила на рачно управување и повторно ја воспоставила контролата врз него, летала еден час и слетала без сопирачки.

13. Кога ќе преживеете напад од мечка

zn13

56- годишната жена од Калифорнија по име Алена Хансен била нападната од мечка додека ги шетала нејзините кучиеа. Кучињата скокнале да ја одбранат. Побегнала од таму и возела четири милји додека да најде помош иако половина лице ѝ висело и тешко крварела.

14. Кога 30 минути ќе се борите со леопард и ќе преживеете

zn14

56-годишната Камла Деви од Индија се борела половина час со леопард, бранејќи се со срп. Леопардот ја нападнал додека носела вода.

15. Кога можете да изедете повеќе од било кој маж

zn15

Моли Шајлер победила на натпревар во јадење крилца успеала да изеде 363 пилешки крилца. Следниот победила на фестивал за јадење сланина откако претходно победила на натпревар во јадење палачинки, успевајќи да изеде 59 палачинки. Следниот ден победила на Предизвикот на Адам Еменекер откако изела 2.5 килограми скара. Оваа година го срушила светскиот рекор во јадење стек со тоа што за 2 минути и 44 секунди изела стек од 2 килограми. Претходниот рекорд бил 6 минути и 38 секунди.

16. Кога ќе докажете нешто

zn16

На една трансексуалка не ѝ дозволувале во возачката да го смени својот пол од машки во женски, по што таа излегла надвор и ја соблекла кошулата. Била уапсена и покрај тоа што во возачката ѝ стоело дека е маж.

17. Кога сте поп ѕвезда која служела војска

zn17

Ријана била кадет на Барбадос, а наредник ѝ била колешката Шонтел.

18. Кога ќе застрелате терористи

zn18'

Во 2009 година, кога 18-годишната Роксана Каусар од Кашмир видела како  заповедникот на паравоени сили, кој на сила сакал да ја ожени, ги тепа нејзините родители, убила еден од неговите луѓе со секира, го застрелала заповедникот и потоа водела четиричасовна престрелка со терористите.

Сподели на Facebook
пати видено