Постојат многу начини за класификација на загаденоста. Таа може да биде хемиска, радиоактивна или предизвикана од присуство на неправилно отстранувани отпадни производи. Некои места како Мексико Сити имаат голем проблем со тежок смог, но тоа не треба да нè злажува. Навидум мирното езеро Карачај во Русија може да убие лице во рок од еден час поради високите нивоа на радиоактивна контаминација. Без разлика дали е видливо или не, загадувањето е сериозен проблем кој ја оштетува популацијата на Земјата.

1. Ла Ороја, Перу

Од 1922 година Ла Ороја е дом на фирмата Doe Run, приватна компанија која е глобален производител на олово, бакар и цинк и бакарни концентрати. Како резултат на тоа, скоро сите локални деца страдаат од труење со олово и имаат респираторни проблеми. Владата на Перу неколку пати била пред суд за злосторства против човештвото од различни организации.

2. Норилск, Русија

Градот е центар на обработка на метали и производство на градежни материјали. Таму се наоѓа „Норилски никел“ – најголемиот производител на никел во светот. Не е изненадувачки, дека поради силното загадување, просечниот животен век во регионот е со 10 години помал од остатокот на Русија.

3. Реката Цитраум во Индонезија

Цитарум е една од најзагадените реки во светот. Повеќе од 5 милиони луѓе ја користат како главен извор на снабдување со вода.

4. Кабве, Замбија

По многу години рударство и преработка на метали, кадмиумот и оловото се многу чести во Кабве. Децата таму имаат олово во крвта во вредности кои се 10 пати над дозволеното. Покрај тоа, како резултат на силното загадување, почвата таму е сосема неплодна.

5. Реката Матанса-Риачуело во Аргентина

Името на реката стана синоним за загадување. Околу 4.000 фабрики, 42 депонии и 13 сиромашни населби се лоцирани околу нејзините брегови.

6. Маилу Су, Киргистан

Постои една од најголемите депонии за радиоактивен отпад во Азија. Покрај тоа, постојат голем број ураниумски јами кои, ако се излеат, би биле катастрофални за населението.

7. Мексико Сити

Фактот дека Мексико Сити се наоѓа веднаш до вулкански кратер опкружен со планини само го зголемува проблемот со загадувањето. Населението редовно се задушува од дебелиот слој на смог.

8. Дар ес Салам во Танзанија

Со порастот на населението, водоснабдувањето во Дар ес Салам исто така се влошува. Покрај тоа, цврстиот отпад се испушта во реката Мсмбази, што дополнително го зголемува ширењето на заразни болести кај населението.

9. Река Јамуна во Индија

Научниците пресметале дека 60% од отпадот на Делхи се фрла во реката Јамуна. Ова не го менува фактот дека речиси сите граѓани се потпираат на водите на реката за пиење и домашни потреби.

10. Дзержинск, Русија

Градот влегува во Гинисовата листа за најзагадениот град. Во последниве години, смртноста ги надмина наталитетот за повеќе од 260%. Покрај тоа, просечниот животен век е 45 години.

11. Карачајско Езеро во Русија

Со години, езерото се користело како место за отстранување на радиоактивни материјали. Неколку пати Карачај е прогласуван за најзагадено место на Земјата. Како што рековме, само 1 час на брегот на езерото може да биде фатален за човекот.

12. Линфенг, Кина

Се вели дека доколку тука ги постелате чистите перени алишта надвор, тие ќе станат црни уште пред да се исушат.

13. Голема тихоокеанска депонија

Веројатно сте слушнале за тоа – огромниот отпад што е двојно поголем од Тексас (695.662 квадратни километри). Во овој огромен дел од Тихиот Океан има токсични материјали, пластика и хемиски талог кои пловат во водата на длабочина до 100 метри.

14. Ахваз, Иран

Според Светската здравствена организација, Ахваз е најзагадениот град во светот. Проблем што е дополнително отежнат од честите песочни бури.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено