Запознајте се со Дилан Сигел и неговиот најдобар другар Џона Пурназариан.
Џона има ретко нарушување на црниот дроб коешто прави нивото на шеќер во крвта опасно до паѓа. Сѐ уште нема лек за оваа болест, но Дилан решил да најде начин да му помогне на својот најдобар другар.
Така, пред две години кога имал шест години, Дилан напишал книга за Џона наречена „Чоколатце“ (негов израз за „прекрасен“, како што го нарекува Џона). За време на еден училишен настан продал 200 примероци и за само неколку часа собрал 5.000 долари.
Оттогаш неговата книга се продала во 25.000 примероци во 60 земји ширум светот…и Дилан ја достигнал својата зацртана цел од 1 милион долари. Сета заработка ќе оди во Универзитетот на Флорида, кадешто истражувачите се оптимисти, велејќи: „Сега е реалност, а не само сон дека овие деца можат да бидат излекувани.“