Ова е најновиот технолошки изум од најсилната економија во светот, која од ден на ден оди сѐ повисоко и повисоко.
Овој уред веќе почна да се тестира во некои кинески училишта, а се нарекува обрач за следење на концентрацијата и вниманието.
Според произведувачот, обрачот ќе може да ја мери активноста на мозокот и да ја одреди загубата на концентрација на ученикот, а исто така веднаш да го извести наставникот. Покрај тоа, уредот ќе помогне да се идентификуваат децата на кои им е потребна дополнителна помош во учењето. Но дали ова е вистинската намена на ваков производ или ова е само маска за пред светот, да мислат сите дека се работи за производ кој ќе помогне во образовниот процес на децата.
Сега производот е во пилотска фаза и ако покажува успешни резултати, уредот ќе почне да се произведува сериски.