64-годишниот Стен Хрд трансформирал цело едно поле во Минесота во познатата слика на Ван Гог „Маслиноиви полиња“. Првото дело „во земја“ техника Хрд го изработил во 1981 година. За неговиот последен проект му биле потребни шест месеци, половина хектар земја и напорна работа сочинета од косење, копање и садење. Делото е спонзорирано од Институтот за уметност на Минеаполис и може да се види од воздух како што авионските патници слетуваат на аеродромот во Минеаполис.
„Ова е пресоздавање на познатата слика на Ван Гог во голем размер со природни растенија и материјали. Никогаш не испаѓа како што сакам. Тешко е да се постигне тоа. Неколку од растенијата ги изеде елен, а неколку беа турнати од ветер. Но тоа е танцот на природата“, раскажува уметникот.