Арон Фотерингем е роден со болест на ‘рбетот, па дури и 23 операции не му овозможиле да прооди. Но, на возраст од 18 години тој стана првиот хендикепиран спортист во светот кој направил двојно салто на отскочна даска и влегол во Гинисовата книга на рекорди.
Како е тоа воопшто возможно?
Арон е роден во 1991 година во Лас Вегас. Вистинските родители го напуштиле, а тој станал едно од шесте деца усвоени од семејството на Стив и Калин Фотерингем. Поради вродениот проблем со ‘рбетот, тој одел на патерици од тригодишна возраст, а на осум тој постојано се движел во инвалидска количка.
Момчето од детството го следело неговиот брат, кој бил љубител на BMX – екстремен спорт со изведување на трикови и скокови на велосипед. Тој бил само гледач додека еден ден неговиот брат му рекол: „И ти исто така имаш тркала. Дали сакаш да се обидеш?“, Аарон навистина сакал да го импресионира, па тој се обидел. И, се разбира, паднал. Но, тоа не го спречило да продолжи да се труди.
Арон почнал да го поминува целото свое слободно време во скејт-парк. Бескрајните падови и повреди го натерале да размислува за запирање на обуката. Но, наместо тоа, тој измислил се повеќе и повеќе нови трикови што можете да ги направите додека седите во инвалидска количка. Со помош на Box Designs, Арон доби посебен дизајн за инвалидска количка способна да издржи екстремни оптоварувања.
На крајот, момчето го добило прекарот Wheelz (Тркала). Во 2006 година, кога Арон имал 14 години, тој прв направил салто во инвалидска количка. По 4 години успеа да направи двојно салто наназад и се приклучил на турнејата на Нитро Циркус, група на луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, и ги покажувал неговите вртоглави трикови низ светот: од Нов Зеланд до Европа и САД.
Во 2012 година, тој направил 15-метарски лет од еден крај на рампата до друг и безбедно слетал. „Постојат повреди. Добив потрес на мозокот и ги скршив забите. Но, јас никогаш нема да се откажам“, рече Арон во своите бројни интервјуа.
Деца со слична судбина на Арон доаѓаат кај него за тој да ги научи на истите вештини. Арон измислил свој спорт наречен WCMX што во слободен превод би значело „трикови на мотокрос-инвалидска количка“.
Сега Арон има 26 години и тој е неверојатно познат: тој е интервјуиран од списанија и телевизиски канали, тој зборувал на свеченото отворање на Параолимписките игри во 2016 година, глумел во серијата „Тајниот милионер“ и изведувал акробации како каскадер во други серии.
Тој, исто така, ја претставува организацијата „Крилја за живот“, која помага да се испитаат повредите на ‘рбетниот мозок. И Арон неодамна се оженил со својата девојка Чарли и е апсолутно среќен сега.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.