Во 2010 година, кога имал само 15 години, на Зак Зајлер му бил дијагностициран прв степен на Хоџкинова болест, кој претставува рак на белите крвни клетки. Во подоцнежните стадиуми на болеста, овој рак е смртоносен. Претходно Зак бил спортски активен средношколец. Поради болеста и третманите набргу ослабел. Неговата тежина спаднала на 45 килограми и ја загубил косата. Иако ја имал сета поддршка од неговото семејство и неговата девојка Тара Хурли, тој сепак, што е сосема разбирливо, бил фрустриран од ситуацијата.
Зак ја запросил Тара Хурли непосредно пред дијагнозата и двајцата оттогаш се неразделни
Третманите го направиле Зак слаб и беспомошен, што го фрустрирало.
Зак и неговиот брат Кори.
Зак во болницата
Пред болеста, Зак бил активен спортист
Тој решил да се сосредоточи на нешто конструктивни. Почнал да вежба бодибилдинг, вежбајќи два часа дневно, дури и после сесиите на зрачење. Почнало како начин да се справи со неговата слаба и болна појава, но открил дека тоа е исто така добар начин да се ослободи од стресот и гневот кој го чувствувал. Неговата посветеност на вежбањето и внесувањето 4000 калории дневно се исплатела. Не само што сега тежи осумдесет килограми, туку опасната болест е во повлекување.
Тара и Зак во 2012
Зак и Тара денес
Денес, на 20-годишна возраст Зак развива своја сопствена веб страница за вежбање и има голем број на фанови на Јутјуб. Се надева дека ќе ги инспирира луѓето да се обидат да ја достигнат нивната цел во животот. Тој и Тара се сѐ уште заедно.