Не е лесно да се оди на училиште, барем за секое дете е така. Додека ние не сакаме да одиме на работа, а потоа да правиме ручек или да ја поправаме старата машина, па да миеме садови и т.н, за децата самото одење во училиште може да биде исцрпувачко.
Секако, освен првиот ден на училиште, тогаш сите деца се возбудени, имаат нови униформи или облека и среќни и насмеани одат кон училиштето. Но, како се враќаат?
Малата Луси од од Глазгов, Шкотска, изутрината на нејзиниот прв училиштен ден има прекрасна насмевка на лицето и „преголеми“ очекувања. Кога нејзината мајка Џилијан отишла да ја земе од училиште не можела да си го препознае детето. Луси драстично си го променила имиџот. Очигледно ѝ дошло премногу „образование“.
Фотографијата насмеја многу луѓе кои се пронајдоа во Луси во секакви секојдневни работи, како на пример пред и по доаѓање од работа или пак пред и по излегување на пиво со пријателите. За чудо кога мајката ја прашала Луси што правела за да биде ваква, 6-годишното девојче ѝ одговорило: „Ништо посебно“.