Светот на филмовите изобилува со најразновидни и иновативни грабежи на банки. Од „Бони и Клајд“ до „Град“, публиката од целиот свет низ текот на годините била сведок на најразлични злосторства, терајќи ги луѓето да се запрашаат „како можат да го прават тоа?“, за потоа да си кажат дека сепак сето тоа е само фантазија.

Но, минатата недела во Лондон се случи кражба исто како на филмовите. Кражбата била толку внимателно планирана што со сигурност би било забавно да се гледа…освен за луѓето чијашто заштеда ја собрале крадците.

Велат дека нешто е безбедно колку што е силна неговата најслаба точка. Да видиме како крадците ја откриле таа точка.

kr01

Најпрвин го онеспособиле лифтот на вториот кат. Потоа се пробиле надолу во подрумот, кадешто се наоѓа трезорот.

kr02

Потоа ја разбиле едноставната безбедносна врата…

kr03

…и се соочиле со џиновска и масивна безбедносна врата.

kr04

Наместо да се мачат со таа невозможност, тие едноставно избушиле дупка во дебелиот бетонски ѕид до неа.

kr05

Дупката е доволно широка колку некој од нив да се протне и да се најде кај кутиите во сефот.

kr06

И така крадците си заминале со плен вреден 300 милиони долари во кеш и накит.

Погледнете како полицијата се сомнева дека се случило тоа во овој интерактивен приказ.

Изгледајте го и ова видео од грабежот, што е вистинска снимка направена од безбедносната камера.

Сподели на Facebook
пати видено