Откако на интернет се запознал со убава девојка од Кина, Холанѓанецот Питер Александар Кирк одлучил да ја изненади и да отиде во Кина. На својата пријателка со име Женг, Холанѓанецот само ѝ испратил фотографија од авионската карта до Кина, но на аеродромот не го чекал никој. Питер ја чекал жената на својот живот на аеродромот цели 10 дена, по што бил хоспитализиран поради исцрпеност. Кинеските медиуми успеаја да ја најдат девојката, која изјави дека мислела дека заљубениот Холанѓанец се шегува со сликата со картите, а потоа го исклучила телефонот и затоа тој не можел да ја добие откако пристигнал во Кина.