Атрактивната 22-годишна студентка на економија Анастасија Ц. е дел од криминална група која им помага на руските фирми на нелегален начин да си ги скријат парите во даночните раеви.
Анастасија му била десна рака на мозокот на групата, поранешниот банкарски работник Михаил М. Покрај нив, групата се состоела од 25 годишен жител на Панама и двајца руски бизнисмени на возраст од 29 и 47 години. Според руското министерство за внатрешни работи, тие имаат податоци дека за 3 години групата успеала да изнесе од земјата 9 милијарди рубли односно околу 140 милиони евра, а сумата веројатно е многу поголема. За своите услуги тие наплаќале 2,5% од сумата, што значи дека секој од нив сигурно заработил по 1 милион евра.
Руската полиција ја уапси Анастасија, која е обвинета за „Нелегални банкарски активности“.