Ланецот на ресторани „Френки и Бени“ во Велика Британија ќе започне интересна кампања, која има за цел да ја подобри комуникацијата помеѓу децата и родителите.

Кампањата била инспирирана од анкета спроведена на 1.500 деца и родители од Велика Британија, во која било откриено дека 56% од децата би сакале повеќе да комуницираат со своите родители.

Анкетата покажала дека едно од десет деца се обиделе да им ги сокријат мобилните телефони на нивните родители, а речиси двојно повеќе изјавиле дека поради зависноста на нивните родители од мобилни телефони мислат дека нивните родители претпочитаат да бидат на нивниот телефон отколку да разговараат со своите деца.

Затоа инспирирани од оваа анкета „Френки и Бени“ воведуваат правило на „забрана за мобилен телефон“ со надеж дека ќе го направат семејниот ручек подобар за децата. Наредната недела келнерите и келнерките од сите 250 ресторани на „Френки и Бени“ ќе ги замолат гостите да ги стават своите телефони во кутија за време на посетата и доколку го направат тоа, нивните деца ќе јадат бесплатно.

Ланецот на ресторани исто така ќе нуди игри и боенки за децата, за да може семејството да се забавува. За време на кампањата сите деца до 14 години, чии што родители ќе ги остават своите телефони ќе можат да јадат бесплатно од детското мени.

Според истражувањето и анкетата на децата телефоните најмногу им пречат за време на вечерата, бидејќи вкупно 46% од децата би сакале нивните родители да се ослободат од телефоните, потоа за време на гледање на телевизија (29%) и празниците (24%).

Сподели на Facebook
пати видено