Петмина терористи затворени во затворот во Голберн, Австралија, започнале со штрајк со глад поради „нехуманите“ услови во затворот. Затворениците биле дел од 13 екстремисти затвореници кои претставуваат висок ризик, кои потпишале протестно писмо поради третманот кој го добиваат во казнено-поправната установа.
Во писмото се жалеле дека морале да плаќаат дополнително за „халал“ оброци. Писмото било објавено во „Најтешките австралиски затвори: Затворениците“, нова книга на новинарот Џејмс Филипс.
Покрај тоа, овие затвореници во нивното протестно писмо се пожалиле и на редуцираните часови за посета како и малите ќелии.
„Мораме да плаќаме 32 долари неделно за храната“, пишува во писмото. „Невозможно е да си дозволиме такво нешто со затвореничката плата од 13 долари неделно.“
Мухамед Али Еломар, Абдул Ракиб Хасан, Калед Шеико, Мустафа Шеико и Мухамед Омар Џамал се петмина од 13-те затвореници кои го потпишале писмото. Во 2005 година тие биле уапсени затоа што планирале да изведат терористички чин во Сиднеј, и биле испратени на издржување затворска казна во траење од 28 години.