Многу е слатко и необично кога ќе видите дека се дружат маче и куче, но повеќе ова не е границата. Сега животните се дружат меѓусебно без разлика од кој вид се, само е важна чистата љубов која ја имаат во себе. Така „страшниот“ Германски овчар, стана најдобар пријател на ферет(африкански твор).
Диана Гриб вели дека нејзиното куче Нова секогаш сакало да се дружи со најразлични животни и се чувствувало пријатно околу нив. Сепак таа не знаела како ќе реагира доколку земе да чува ферет. Но, таа решила да бара питомо животно и конечно го пронашла малиот Пако, во Краков. Пако и Нова по кратко време станале најдобри пријатели и сега Диана е онаа која треба да бара место во нивното друштво.