Хенингсваер стадионот се наоѓа во мало рибарско село Хенингсваер, сместено на два мали острови Лофотен, во Норвешка. Она што го прави овој стадион толку посебен е неговата неверојатна локација. Стадионот се наоѓа на карпест остров опкружен со прекрасна глетка од планини, море и скриени заливи.
За да се направи стадионот било потребно првин да се израмно карпестиот терен. Околу стадионот има мал асфалтиран простор наменет за навивачите и служи како паркинг за автомобили. Иако се работи за мал простор, тој сепак е доволен за локалните жители, бидејки Хенингсваер има само околу 500 житела.
Исто така околу стадионот има поставено штандови на кои се суши треска и риба. Тој се користи за тренирање на локалните деца, но само преку ден, затоа што во вечернте часови често е поплавен.