Ајде да направиме една анкета да видиме дали девојката навистина има вишок килограми или проблемот е во наметнaтите граници од модната индустрија.
Викторијас Сикрет е една од најпознатите компании во светот за продажба на женска долна облека и костими за капење. Не само жените, туку и мажите будно го следат секој потег на овој бренд, бидејќи ангелите на Викторијас Сикрет имаат репутација на најсекси девојки во модниот бизнис. Најновата вест е што сега, Ели Тејт Катлер им се придружи на овие убавици и е првиот модел во компанијата која има вишок тежина.
Викторијас Сикрет веќе долго време беше критикувана заради строгото придржување кон тенки и високи модели кои личат една на друга, како капки вода. Одговорот на компанијата на сите критики е ангаажирањето на Ели Тејт Катлер, која има тело и облини, типични за најголемиот број американски жени.