Секој од нас си има омилена шема на бои. Некои луѓе сакаат облека во темни бои, други сакаат весели и светли бои. И има и такви уникатни личности кои се опседнати со само една боја. Зачудувачки пример е 67-годишната поранешна учителка и пензионерка, Зорица Реберник од Босна. Веќе 50 години таа е опкружена само со црвени работи.
Како што може да претпоставите, Зорица живее во црвена куќа со црвен мебел, јаде од црвени чинии, пие од црвени чаши и спие на црвени чаршафи. Секако, целата облека во гардероберот на Зорица е црвена. Пензионерката дури си ја обои и косата црвена. Единствената НЕцрвена работа во куќата на поранешната учителка е белиот грејач, кој нејзиниот сопруг Зоран инсистирал да го купат.
„Кога имав 18 или 19 години, одеднаш почувствував желба да носам црвено. Не знам како да го објаснам тоа, можам само да кажам дека го слушав моето тело“, изјави Зорица за медиумите.
Во црвена боја, таа се омажи, а во еднакво привлечна боја оди на погреб. И неодамна, таа направи надгробни плочи за себе и нејзиниот сопруг од специјален црвен гранит, донесен специјално од Индија.