Девојче родено израсток меѓу очите кој наликува на сурла од жителите на нејзиното село е обожувано како реинкарнација на хиндуистичкиот бог Ганеша. Девојчето се родило во четврток во селото Алигарх, Утар Прадеш, северна Индија. Веста дека се родило „божествено дете“ бргу се раширила низ селото и привлекла многу посетители кои девојчето го нарекле „Ганпатру“, што значи „сопруга на Ганеша“.
Рајани, тетката на детето изјавила:
„Мојата снаа во 7 часот наутро роди девојче и нејзиното лице изгледа исто како богот Ганеша. Сите велат дека таа е инкарнација на богот. Затоа сите доаѓаат да ја видат и да донесат подароци.“
Бебето е родено во сиромашно семејство, нејзиниот татко кој како продавач на зеленчук заработува околу четири евра дневно, смета дека девојчето ќе им донесе подобра среќа. Докторите велат дека израстокот најверојатно е резултат на генетска мутација предизвикана од несоодветна исхрана и загадувањето.