Кога 10-годишниот Ноа Кордл си го исекол стапалото на остар предмет додека едрел на брегот на Џерси, си помислил дека го штипнал рак. Кога погледнал малку повнимателно, видел дека згазнал на стрела.
Било утврдено дека стрелата потекнува од староиндијанската култура Кловис и е стара 14.000 години. Луѓето од оваа култура се првите жители на Америка. Стрелите како таа што ја нашол Кордл се употребувале за лов на големи суштества како мастодонт.
Што направил младиот Кордл со својот пронајдок? Го ставил на аукција?
Не…
Го подарил на Смитсоновиот институт. Ова е прв артефакт од овој вид колекцијата од Њу Џерси. Според експерт по палеоиндијанска археологија од Смитсоновиот институт, тоа што го прави наодот на Кордл особено интересен е фактот што тој буквално допливал до неговите нозе.
„Не ми е познато тоа да се има сличено до сега на некого. Мора да сте на вистинското место во вистинското време или ќе исчезне како ништо. Тој навистина имал среќа.“
Семејството Кордл се возбудени и задоволни само со тоа што се дел од живата историја, не барајќи никаква надомест од Смитсоновиот институт.