Кога децата имаат проблеми на училиште, за родителите знае да биде тешко да донесат правилно решение. Било да се работи за слаб успех или да се жртви на задевање од врсниците, ретко се наоѓа лесно и едноставно решение. Но, тоа не е така за Ли Кук, кој решил да го испише својот деветгодишен син од училиште откако бил малтретиран од своите соученици повеќе до две години.

dt01

Менаџерот за недвижнини од Волверхемптон, Велика Британија, се решил на својот син кој страда од дислексија решил да му овозможи домашно образование – и тоа во неговата канцеларија. Наместо да син му да ги учи равенките и четивата кои ги учат неговите врсници, тој ќе учи како се води вистински бизнис.

dt02

Гордиот татко објавил слика со неговиот син на неговиот прв „училишен ден“ која бргу се распространи низ целиот интернет.

„Денес е првиот ден од новиот живот на мојот 9-годишен син“, пишува г-н Кук под фотографијата. „Откако цели две години го малтретираа во Веднесфилд, Волверхемптон, го испишав поради непостоење на никаква заштита, поддршка и целосно корумпирано однесување во стил на буткање на ѓубрето под тепих од страна на вработените во училиштето.“

dt03

Иако во новата училишна програма се вклучени сите бизнис теми, на првиот ден малиот бизнисмен учел математика, компјутерска технологија и добро однесување на телефон. Таткото смета дека тоа што го тргнал својот син од отровната средина во поранешното училиште ќе му даде добра основа да расте и да се развива, и ги советува другите родители никогаш да не прифатаќаат нивното дете да биде злоставувано.

„Никогаш не прифаќајте злоставување. Исправете се и бранете се денес!“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено