Малата Софи Грин многу сака да танцува, и покрај тоа што е родена без раце. Седумгодишното девојче може да извршува низа работи единствено со помош на своите нозе, како на пример да јаде, употребувајќи лажица и нож, како и кинески стапчиња, да пишува, па дури и да вози велосипед. Софи била посвоена од Кина кога имала само две години и сега живее со своите нови родители Кристиен и Џереми во Херимен, Јута.

Кристиен вели: „Се сеќавам кога ја посвоивме и таа го доби својот прв сладолед. Мислев јас да ја хранам, па така го држев во раката, а таа само го грабна со своите мали стапалца и си го изеде сама. Бевме запрепастени и оттогаш знаевме дека таа би можела да прави се.

Брачниот пар бил во процес на посвојување на Лекси, која е постарата сестра на Софи, кога ја виделе и неа. Посвојување на две деца одеднаш не било дозволено во тоа време, но бидејќи и двете сестри биле со хендикеп, им било одобрено. „Софи ги имаше тие прекрасни големи очи, и всушност тоа е првото нешто што го забележавме, дури потова видовме дека нема раце. Едноставно знаевме дека ѝ треба семејство.“

Лекси е слепа, и како резултат на тоа, нивната врска со Софи е многу силна. „Тие се толку слатки заедно. Лекси ја презема функцијата на рацете кои ги нема Софи, а Софи гледа место Лекси“, вели Кристиен.

Кристиен и Џереми досега посвоиле седум деца со хендикеп.

дт01 дт02 дт03 дт04 дт05 дт06 дт07 дт08 дт09 дт10 дт11 дт12 дт13 дт14 дт15 дт16 дт17

Сподели на Facebook
пати видено