Малиот Дерек Лалчанхима од Индија го возел својот велосипед низ маалото и случајно прегазил едно од пилињата на соседот.

Детето било преплашено и плачејќи го однело пилето дома. 6-годишното момче почнало да ги моли своите родители да го однесат пилето во болница и да го спасат. Родителте му кажале дека не можат да го направат тоа. Но Дерек не се откажувал.

Тој со себе земал 10 рупји кои ги заштедил го земал мртвото пиле и се упатил кон најблиската болница. Тој барал од леакрите да го спасат пилето кој тој го прегазил. Персоналот во болницата бил воодушевен од доброто срце на детето, но не знаеле како да му објаснат дека не можат да му помогнат на пилето. Тие му кажале дека на пилето му нема спас и му кажале да се врати дома.

Дерек плачејќи се вратил дома и успеал да земе 100 рупји и повторно отишол во болницата нудејќи им ги парите за да го спасат пилето мислејќи дека во тоа е проблемот. Детето повторно го вратиле дома, а неговите родители тогаш му објасниле дека пилето е мртво и дека медицината не може да му помогне.

Сподели на Facebook
пати видено