4-годишната Алана Џорџ стана вториот најмлад британски член на Менса откако на приемните тестови резултираше со коефициент на интелигенција од 140, што ја става многу далеку пред своите просечни другарчиња.
Нејзините родители Надин и Едмунд од Бакингхемшир уште од најрана возраст знаеле дека нивната Алана е посебно дете откако самата се научила да чита, без нивна помош и воедно ги гледела математичките емисии.
Нејзиниот извонреден талент бил тогаш забележан бидејќи била опседната со зборови и броеви и самата ги совладала уште пред да почне да оди на училиште. Рецитирање на азбуката и пеење рими биле само мал дел од нејзината умешност.
Па така успеала да ги совлада и сите правила за членство во Менса, при што резултатите од нејзините тестови биле неверојатни и директно ја лансирале кон врвот, со нејзиниот коефициент од 140. Просечниот возрасен човек има коефициент од 100, додека угледните професори како Хокинг и Ајнштајн котираат високо со коефициент од 160.
Откако и официјално ги известиле родителите за нејзиниот членство, тогаш рекле дека сфатиле колку е помалку и ‘страшно’ ова. “Возбудливо е, но и малку премногу за нас. Сакаме да се осигураме дека Алана ќе го достигне својот потенцијал и ќе го извлече најдоброто од неа.
Таа е многу млада, но веќе е во Академијата, а тоа е по малку и страшно за нас како родители да сфатиме колку е таа интелигента”, – изјавила нејзината мајка Надин. Само еден месец откако ја пратиле апликација, Алана била прифатена и веќе стана позната како надарено и талентирано чудо од дете.
Нејзините родители се сигурни дека нивната ќерка ја очекува светла и блескава иднина, а нејзините наставници планираат да ја сменат и адаптираат наставната програма се со цел интелектуалниот капацитет на Алана да се негува и да биде нахранет.
Д-р Конгдон во неговиот извештај за Алана вели дека таа е изложена на ризик од “недоволно постигнување”, бидејќи програмите за нејзините другарчиња брзо ќе и станат досадни, а неискористувањето на нејзиниот потенцијал може да придонесе кон фрустрација.
А исто така заклучил дека таа понекогаш искажува карактеристики на интроверт, па се надева дека тоа нема да ја задржи назад и да не си ги оствари своите цели, но воедно е импресиониран од нејзниот успех. Нејзината мајка има во план да ја пријави во британското шоу “Детски гениј”, коешто се емитува на Канал 4, доколку и Алана би била заинтересирана. Но, истовремено главен фокус на нејзините родители е Алана да живее среќен и исполнет живот и да има убаво детство, бидејќи таа и покрај се, е само едно мало девојче.