14-годишниот сега веќе дипломиран физичар, Карсон Хуе-Ју е најмладата личност што дипломирала на Христијанскиот Универзитет во Тексас.
Карсон беше еден од 2.000 студенти кои што дипломираа оваа година на Универзитетот. Тој студирал факултет за Физика, но истовремено студира Кинески јазик и Математика. Оваа дете, кое сите го опишуваат како „нормален дечко,“ има за цел да докторира квантната механика.
Тој вели дека не се чувствува различно од другите деца и се засрамува кога за него ќе кажат дека е „генијалец“ или „славна личност.“
„Јас сум нормален дечко. Тоа е нешто со што се носам и не се сметам за генијалец. Јас сум само обичен 14-годишник, кој се ги разбира работите од факултетско ниво,“ вели Карсон.
Карсон е само 4 години постар од најмладиот дипломиран студент во светот. Тој за прв пат и стана познат на јавноста кога на 11 години запиша факултет. Тој вели дека факултетот не бил толку лесен како што очекувал и дека навистина се помачил на предавањата по Историја на животната средина, Хемија и Механика.
Тој бил изненаден од позитивната околина и како сите добро го прифатиле. Карсон вели: Кога добивав лоши оценки на тетсовите се чувствував ужасно и се прашував зошто го започнав ова. Но знаев како да се вратам по ваквите разочарувања.
10-годишниот брат на Карсон оваа година матурирал во истото средно училиште како и Карсон и сега и тој ќе се запише на Универзитетот во Тексас. За време на доделувањето на дипломите мајката на Карсон плаче од среќа за постигнувањето на нејзиниот син.