Со месеци наназад го посетувам кинескиот сајт „Али Експрес“. Тоа е огромна интернет продавница со милиони и милиони продавачи, кои продаваат милијарди производи кои ги праќаат по пошта. Сосема е можно да се најдат сосема здрави нешта по многу, многу ниски цени. Притоа производите се актуелни, модерни, барани нешта кои се продаваат во реални и интернет продавници по поскапи цени.
Минав неколку вечери листајќи ги страниците на кинеските трговци, при што пред очите ми излегуваа најразлични интересни парчиња од коишто нарачував. Потоа на тоа заборавив и со сопругата отпатувавме на одмор, а во тоа време, се разбира, вредните Кинези сѐ запакувале и испратиле. Од времето на порачувањето помина повеќе од 1 месец, јас се вратив од одмор и ми се јавија од нашата пошта и ме повикаа во одделението за пратки.
И еве ги! Раката ми отрпна од потпишување.
Но, да почнеме со отпакувањето.
И така, почнуваме со кујнскиот прибор 8In1. Ренде за сирење и јајца, екстрактор за сок, цедилка, отварач за лименки и ушт нешто. На сликата на продавачот сѐ изгледаше супер, но во живо изгледа малку поинаку. Нешто старо, или што? Поскоро би го дал ова за подарок, отколку да заврши во мојата кујна. Дури и по стандардите на Али е скапо – 351 денар.
Многу интересна занимација – Рубикова коцка. Ја растурив и сега не можам ни една страна да составам. Многу смирува, патем. Цена: 208 денари.
Никогаш не би погодиле што е ова! Ова е хефталка! И спојува без муниција. Не спојува како традиционалната хефталка, но може да спои неколку листови хартија. 105 денари.
Куќичка за птици која се става на влезната врата, а во неа две симпатични птици. Доста згодна играчка, дури и за 160 денари.
Ова е монопод за GoPro камера, дизајниран да ја држи камерата над водата. 114 денари.
Брош од „Игра на троновите“. Не знам зошто го купив ова, кога не го ни гледам серијалот. Просто ми се допадна и си помислив дека би можел да го подарам некому. 81 денар.
Филтер за чај во вид на ајкула. Го ставаш внатре омилениот чај и силиконската ајкула ти ја приготвува топлата напивка. 112 денари.
Интересни маркери за книги. Четири вакви за 103 денари. Сосема пристојна зделка, според мене.
Пикап за акустична гитара за 100 денари. Сѐ уште не најдов време да го пробам, но одзивите на купувачите се добри.
И уште еден прибор за гитара – навистина отмен каподастер за само 200 денари.
Футрола за iPhone 6+. Продавачот тврди дека ова е чиста кожа, но како што се гледа, се работи за нискоквалитентна пластика. Магнетот не работи, но за 165 денари толку.
Секоја домаќинка би требало да го има ова во кујната. 10 парчиња меламински сунѓери за 215 денари.
Мегамоќен близ за мобилен телефон. Толку моќен што заслепува. 226 денари.
Незаменлив прибор за фотографи и камермани, портмоне за мемориски картички. 106 денари.
Филтер кесички за чај. 100 парчиња за 127 денари.
Невообичаена нарачка, зар не? Розов џебен нож, кој многу ќе ѝ се допадне на ќерка ми. Се надевам дека нема да го носи на училиште. 284 денари.
„Пикселирани“ очила за сонце – 121 денар. Малку матно се гледа низ нив, да бидам искрен,
Силиконски калап за пржење јајца – вашиот појадок никогаш повеќе нема да биде ист. 80 денари.